Фудбал

25 години од трагедијата на „Хилсборо“

15.04.2014 09:23

На 15 април 1989 година на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд се случи една од најголемите фудбалски трагедии. Во навивачкото стампедо на  пренатрпаниот стадион животот го загубија 96 лица, главно навивачи на Ливерпул!Се играше 7-та минута  од полуфиналниот натпревар од англискиот ФА куп меѓу Ливерпул и Нотингем Форест кога започнува страшниот масакр.

Како дошло до трагедијата? Страдаат навивачите, кои што биле блиску до оградата  која ги дели  теренот и трибината. Приклештени, не успеваат да го преживеат налетот на  масата која се обидувала да влезе на стадионот!

Трагичниот момент од корен ќе ја смени англиската фудбалска историја! Имено, полицијата  после релативно кусата  спроведена истрага,  виновници за трагедијата ги прогласува навивачите на Ливерпул. Англиската влада предводена од премиерката Маргарет Тачер, резултатите од истрагата ги користи за завршна пресметка со хулиганството на фудбалските терени. Поставени се сосема нови стандарди на стадионите. Наложено е постоечките огради меѓу теренот и навивачите да се отстранат. Секој гледач ќе мора да има свое седиште,а популарното „стоење“ е укинато! Драстично се заоструваат и казнените одредби за каков и да било испад, кој доаѓа од трибините. Ваквите мерки ќе бидат вовед во формирањето на Премиер лигата! Но, „случајот Хилсборо“ не престанува да се влече по судските инстанци. Постојано е актуелизиран од семејствата на настраданите и од навивачите на Ливерпул, кои сметаат дека вината за несреќата треба да се бара на друга страна. Во 2012 година Врховниот суд на Англија ја поништува пресудата донесена во 1991 година.Навивачите  на Ливерпул се ослободени од одговорноста  за  трагедијата. Пред десетина дена поништени се и сите досегашни судски одлуки  и е наложено отворање на нова истрага.За цело ова време навивачите на Ливерпул во таа битка за вистината ќе ја имаат поддршката од многу делови на Англија, а најголемата од соседството, од навивачите на Евертон.

Во Англија секоја година неодминливо е сеќавањето  на трагедијата на „Хилсборо“. Во знак на пиетет, но и опомена! Деновиве натпреварите од Премиер лигата и од сите други  англиски лиги симболично апочнуваат со седум минути задоцнување. На „Енфилд Роуд“ во Ливерпул денеска ќе биде одбележана годишнината со меморијален натпревар. Меѓу другото и со „синџирот на вистината“ формиран од илјадници врзани навивачки  шалови, не само со обележјата на Ливерпул. Тоа е симбол на борбата за вистината на „Хилсборо“, која и натаму трае.