Здравство

Меѓународна конференција во Штип посветена на здравството во време на Ковид криза

20.07.2022 14:55

„Здравството во време на Ковид криза“ е тема на петтата Меѓународна конференција во рамки на проектот „Спринг – солидарност во акција“. Се утврдуваат најдобрите болнички искуства во пандемијата за да не се повторат минатите две пандемски години...

Размена на практиките и искуствата за време на ковид пандемијата, со цел локалните заедници да бидат подготвена за наредни можни пандемии. Ова е дел од проектот кој го реализираат претставници од локалната власт и лекари од седум градови од Италија Шпанија Бугарија Франција Германија Полска и Македонија. Директорката на болницата во Боргоманеро – Италија вели дека короната повторно се разгорува и решението е во имунизацијата

Во болницата во Штип расте бројот на амбулантски прегледи и хоспитализации. Меѓу позитивните има прележани и вакцинирани, а на болничко лекување се главно пациенти со други коморбидитети

Здравството во време на Ковид криза е дел од проектот „Спринг – солидарност во акција“, чија цел е солидарност и меѓуопштинска соработката во здравството и образованието.

Славица Величковска