Потпишани договори за изградба на пругата на Коридорот 8 и реконструкција на дел од Коридор 10
Ги потпишаа договорите со изведувачите и ветија , за три години железничкото поврзување со Бугарија ќе стане реалност. Од Владата велат, со 200 милиони евра грант од ЕБОР и европските фондови за Западен Балкан ќе се работи изградбата на делницата Куманово - Бељаковце до Крива Паланка и реконструкцијата на дел од Коридорот 10...

Потпишани договорите со изведувачите за доизградба на дел од железницата на Коридорот 8 и реконструкција на дел од 10 ката. Пари има,но и јавно ветување од надлежните дека Куманово – Бељаковце – Крива Паланка навреме ќе се изгради, Ногаевци – Неготино пругата за шест месеци ќе се подобри, од шест месеци до три години сите рокови ќе бидат исполнети.
„По три децении железничкото поврзување со Бугарија станува реалност, земјава ќе биде крстосница на Балканот“, изјави Ковачевски.
Австриски Штрабаг ќе ја гради пругата до Бељаковце, и турски Гулермак ќе го заврши проектот до Крива Паланка, дел до Коридорот 8.
Проектите ги финансирани од Европската банка за обнова и развој, а над 68 милиони евра се пари и од европските фондови за Западен Балкан.
Сузана Фиданска Стоевска
