Македонија

Четири месеци затвор за Цуфи Кока

20.07.2022 18:40

Одмерената казна е под законскиот минимум. Обвинителството најави дека ќе се жали на висината на казната, откако до него ќе стигне писмена пресуда. Тој останува во домашен притвор до правосилноста на пресудата...

Четири месеци затвор за Јусуф Енузи- Кока, пиштолџијата кои испука куршум и мавташе со оружје кон демонстрантите за време на протестите против францускиот предлог. За пукањето кај „Скендербег“ доби казна под минималната.

Одмерената казна е под законскиот минимум. Обвинителството најави дека ќе се жали на висината на казната, откако до него ќе стигне писмена пресуда.

Тој останува во домашен притвор до правосилноста на пресудата.

Цуфи Кока беше гонет за предизвикување општа опасност, дело во кое е предвидена казна од една до пет години. Пукањето на плоштадот „Скендербег“ се случи за време на протестите против францускиот предлог.