Tенис

На црвеницата и елитата

15.04.2014 09:25

Мастерс тениската 1000-ка број три за годинава, денеска ги отвора терените за оние што ја имаат носителската улога на турнирот во Монте Карло. На земјата во кнежеството ќе истрчаат по параметрите фаворитите во лесна задача. Праксата, ќе видиме што ќе понуди.

Денот почнува утрово во 10.30 со Сепи и Јужни(13). По нив на црвеницата, 9-тиот рекет во Монте Карло Цонга против Колшрајбер, во меѓусебниот 8-ми дуел во кои само еднаш досега победата отишла на сметка на германецот. По втор пат се среќаваат на овој терен, првиот го добил французинот.

По нив на централното игралиште ќе се појави и светски и турнирски рекет број два, Новак Ѓоковиќ кој од спротива на мрежата ќе го има квалификантот Монтањес, кој пак веќе одигра еден меч на црвената прашина. По пети пат се среќаваат, скорот е јасен, досега славјето секогаш оди на страната на србинот.

Од топ 10-ката по Новак на терен Ферер 6-то рангираниот во дуел со Шарди. И Бердих со бројот 5 денеска на програмата за сработување на второто коло со секогаш незгодниот Турсунов.

МРТ собранискит сервис место за тениско утринско уживање. Денот го фаќаме од стартот 10.30.