Еден вод и хеликоптер со посада ќе се вклучат во гасење на пожарите во Грција
Владата на Република Северна Македонија, во знак на солидарност и за зајакнување на партнерството и соработката со Грција, донесе Одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата како поддршка за гаснење на пожари, во Грција...

Владата на Република Северна Македонија, во знак на солидарност и за зајакнување на партнерството и соработката со Грција, донесе Одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата како поддршка за гаснење на пожари, во Грција.
Се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар, соопштуваат од владината прес-служба.
Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Грција ќе бидат во надлежност на Министерството за одбрана - Генералштабот на Армијата на Македонија, се наведува во соопштението.
