Портокалова фаза од денес до недела
Министерството за труд и социјална политика прогласи портокалова фаза на територијата на целата држава од денеска до недела поради топлотниот бран...

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа, во црвениот крст да ги почитуваат препораките од министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови.
Се ослободуваат од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Истовремено Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот државен инспекторат за труд.
