Македонија

Препораки за заштита на здравјето на работниците во услови на портокалова фаза

21.07.2022 10:27

Од денес до недела територијата на цела држава е зафатена со високи температури од портокалова фаза и на сила се препораки за намалување на здравствените ризици. За вработените тоа значи дека ранливите категории како хронично болните лица и бремените жени се ослободени од работните обврски...

Секое работно место носи ризик, но работодавачот има обврска да создаде безбедни услови за работа, што во случај на екстремно високи температури значи климатизирани работни простории и почести паузи. Најизложени на ризик во овој период се лицата кои работат на отворено, како градежните и комуналните работници, но и вработените во големите фабрички хали.

Најголемата опасност по здравјето, според лекарите лежи во наглиот премин од климатизирани кон надворешни услови и обратно.

И од Невладината „Гласен Текстилец“ апелираат до работодавачите да го заштитат здравјето на вработените, а Инспекторатот за труд да ја следи примената на законските прописи за безбедност и здравје при работа. Од почетокот на летото, во Здружението нема пријава за работа во екстремно топли хали во текстилните компании.

Славица Величковска