Пронајдени црни шорцови кои наликуваат на оние што ги носел Мартин пред да исчезне
Потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, кој исчезна во водите на Егејско море, на плажата Мити на Халкидики трае веќе 13 денови...

Потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, кој исчезна во водите на Егејско море, на плажата Мити на Халкидики трае веќе 13 денови.
Меѓу алги на плажата Катерини се пронајдени шорцови, кои наликуваат на оние коишто ги носел кога влегол во водата.
„Информацијата за идентификација на костум за капење, кој наликуваше на оној на исчезнатото лице, не донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме со спасувачкиот тим, ја пребаравме цела област, но залудно“, рече шефот на спасувачката мисија „ОФКАТ“, Христос Рамос.
Тројцата пријатели, Мартин, Иван и Васил исчезнаа во саботата на 9-ти јули, кога беа одвлечени од силните струи кај Посиди. Васил и Иван беа пронајдени, но не и Мартин.
