Продолжува испораката на руски гас преку „Северен тек“
„Северен тек“ повторно транспортира гас од Русија кон Германија по десетдневниот прекин. Зголемен е протокот до приклучните точки. ЦИА оценува дека Русија се подготвува да анектира украинска територија и да ја воведе рубљата како официјална валута …

Европа може барам малку да здивне. По 10-дневното исклучување поради редовното годишно одржување, рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија.
Путин го доведе во прашање квалитетот на поправката на гасната турбина во Канада и ја обвини Отава дека се грижи само за сопствените економски интереси.
„На една машина, турбина за „Северен тек“ и требаат закажани поправки, Канада не ја враќа, затоа што воведоа санкции против Гаспром. Тоа го направи за да произведува нафта и гас самата и планира да влезе на европскиот пазар“, изјави Владимир Путин.
Зеленски ја критикуваше Канада поради одлуката да дозволи испорака на гасна турбина во Германија.
„Овде не станува збор само за турбината за гасоводот „Северен тек“, што Канада не требаше да го направи. Но сепак реши да се префрли“, изјави Володимир Зеленски.
Американската централна разузнавачка агенција проценила дека руските човечки загуби во војната во Украина можеби достигнале 15.000 луѓе и околу 45.000 ранети.
Откако Москва соопшти дека сега, целите на операцијата сега го надминуваат Донбас, Националниот совет за безбедност на САД рече дека Русија се подготвува да анектира украинска територија, да назначи функционери блиски на Москва, да ја воведе рубљата како официјална валута и да го принуди населението да побара руско државјанство.
„Рускиот министер за надворешни работи рече дека географските цели во Украина не го вклучуваат само Донбас, туку и Керсон, Запорожје и друга територија во Украина“, изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот на САД.
Шефот на ЦИА Барнс ги отфрли шпекулациите за наводните болести на Путин и рече дека Агенцијата нема докази за здравствените проблеми на рускиот претседател.
Марина Ристова
