Италија

Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка

21.07.2022 13:04

Италијанскиот премиер Марио Драги ја потврди оставка откако не успеа да ја обедини коалицијата...

Италијанскиот премиер Марио Драги ја потврди оставка откако не успеа да ја обедини коалицијата. Тој веќе му соопшти на претседателот Матарела дека се повлекува откако три партии од неговата Влада одбија да му дадат поддршка. Матарела побара, драги привремено да остане на премиерската функција до предвремените избори наесен.

„Во светло на гласањето изразено во Сенатот, барам седницата да биде прекината за да отидам кај претседателот на републиката и да му ја соопштам мојата одлука“, рече Марио Драги.

74-годишниот Драги првпат поднесе оставка во минатиот четврток откако од владината коалиција излезе движењето „Пет ѕвезди“, потоа ја повлече на барање на претседателот Матарела, но не успеа да формира нов пакт за спас на Владата.