Состојбата во Украина го загрозува светскиот мир!

15.04.2014 10:14

Украина продолжува да го загрозува светскиот мир. Јавноста во исчекување на судбината на повеќемесчната дестабилизирана земја. Привремениот претседател на Украина, Олександар Турчинов, изутрината го потпиша указот за напад врз про-руските парамилиции. Стотици украински војници со тенкови и тешко наоружување се повеќе секонцентрираат на истокот од земјата.  Демонстрантите поставуваат барикади, не отстапуваат од позициите.

„Оружените сили можат да преземат акција и без објава на војна, тоа се операции против тероризмот“, изјави Михајло Ковал, украински министер за одбрана. 

„Гледајте, тие доаѓаат од сите страни, сакаат да се повлечеме, но ние нема да го сториме тоа“, вели проруски демонстрант.

Вооружени лица окупирале зграда на телевизија во Киев во која настапувале кандидатите за претседател. Еден од нив бил прописно претепан. Русија и САД со меѓусебни обвинувања, кој ги поттикнува немирите. Обама и Путин, во телефонски разговор изразиле  сериозна загриженост, но не отстапуваат од ставовите, Русија бара да не се употребува сила врз демонстрантите, а Обама побарал да не се поддржуваат сепаратистите. На 17 април, ЕУ, САД, Русија и Украина треба да се соочат во Женева. Доколку средбата се одржи.

„Русија треба да ги повлече војниците од Украинската граница. Состојбата може многу лесно да ескалира. Украинските власти имаат право да ги спроведат законите и ние ги подржуваме во тоа“, изјави еврокомесарката за надворешни работи и безбедност, Кетрин Ештон.

„Сакаме двете страни да донесат политичка одлука и состојбата да se подобрува. Дијалогот мора да опстои, но и да се најде решение по мирен пат“, истакнува Лоренс Фабиус, министер за надворешни работи на Франција.

Советот за безбедност на ОН, денеска повторно ќе разговара за состојбата во земјата. Дали плановите на Москва се трите фази на дестабилизација на Украина, за преку Крим и источниот регион да се поврзе територијално со молдавско Придњестровје кадешто е стационирана 14-тата руска армија, се прашуваат воените аналитичари?

Марија Петковска