Европа

Пожари беснеат во делови од Европа

21.07.2022 13:09

Огнената стихија во делови од Европа не стивнува. Над илјада пожарникари се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици на границата меѓу Италија и Словенија...

Огнената стихија во делови од Европа не стивнува. Над илјада пожарникари се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици на границата меѓу Италија и Словенија. Загрозени се неколку населени места каде што се врши евакуација на населението. Најтешка е состојбата во Добердоб, општината која се наоѓа покрај словенечко-италијанската граница.

„Се соочуваме со ветерот „Маестрал“ кој дува од морето кон копното. Тоа значи дека ги турка пожарите кон селата Карст, Костањевица и Мирен. Пожарот се шири со неверојатна брзина“, рече Честан, словенечки командант за цивилна одбрана.

Пожари беснеат во Шпанија, Франција, Грција. Се стравува дека топлотниот бран во Шпанија кој е најинтензивниот досега ќе придонесе за влошување на состојбата со пожарите. На удар од жешкото време е и Франција. Над 30 илјади жители и туристи се евакуирани од повеќе населени места, откако шумски пожари зафатија делови од земјата.