Ковид-19

Расте притисокот врз битолската Ковид амбуланта

21.07.2022 14:18

Битола во континуитет по Скопје е вториот град по број на новозаразени и активни Ковид инфицирани лица. Последниве седум дена расте притисокот врз Ковид и инфективната амбуланта. Дневно се прегледуваат над триесет лица. Бројот на хоспитализирани пациенти се искачи на седум лица...

И во петтиот Ковид бран чии пик се очекува во првата половина од идниот месец од градовите во внатрешноста Битола го има приматот по дневно Ковид инфицирани и активни лица.

И покрај новите моменти во градот се чувствува големата опуштеност. На превентивата апелираат повозрасни поединци.

Зголемениот број на Ковид позитивни се одрази и со поголем притисок врз секојдневната работа на Ковид и инфективната амбуланта при клиничката болница. Инфектолозите велат на преглед доаѓаат од сите возрасни категории.

Началничката вели дека тоа се пациенти со полесна клиничка слика и полесно закрепнуваат во однос на минатите бранови. Сепак благ пораст бележи и бројот на хоспитализирани.

Ристевска повеќе ја загрижува тоа што и така малиот тим од инфектолози е преполовен. Напоменува дека при зголемен број на хоспитализирани менаџирањето ќе оди потешко. Поткрепа гледа во ангажманот на колегите интернисти и останатиот медицински кадар.

Стевче Митревски