Македонија

ЈО поднесе обвинение за убиство на ракометарот Денис Тот

21.07.2022 15:09

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против тројца за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот коешто се случи на 7-ми април пред ноќен клуб градскиот парк...

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против тројца за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот коешто се случи на 7-ми април пред ноќен клуб градскиот парк.

Во обвинението стои дека тројцата, по кратката расправија заеднички го лишиле од живот ракометарот, му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои паднал во кома, а потоа починал. Доставен е предлог за продолжување на притворот.

Тот беше ракометар на скопски Бутел, во јавноста се појави и снимка од неговото претепување пред дискотеката којашто ја згрози јавноста.