Не додржа без пливање

15.04.2014 10:17

На свои сега 28 година, за два месеци 29, пливачот на сите времиња, Олимпиецот со најмногу медали во историјата, Мајкл Фелпс, од есента повторно интензивно во тренажен процес. Иако само пред неполни две години емотивно кажа збогум на пливачкиот свет, ете го назад во вода, ама со конкретна цел, на 31 година да запише уште едни Олимписки игри во својата пребогата спортска биографија.

Не е едноставно да се врати во базенот, американците имаат строги критериуми. Прво, шест месеци на ”чистење”, па потоа антидопинг комисијата одличува дали може пливачот да се натпреварува. Бидејќи Фелпс е чист, веќе на 24, 25 и 26-ти ќе се пушти во базен на митингот во Аризина, каде покрај Мајкл, во водите ќе биде уште и неговиот ривал (200 и 400м. мешано) Рајан Лохти.

Олимпискиот бележник Мајкл Фелпс го има евидентирано како најуспешен со 22 медали освоени под 5 круга, а на игрите во Пекинг во неговиот спорт и воопшто Олимпизмот 8-те злата го исфрлија пред Марк Шпиц, кој дотогаш беше најзлатниот Олимпиец со 8 најсјајни медали на едни игри.