КЗБ: Нема нови мерки, состојбата е стабилна
Речиси секој втор што отишол да се тестира бил позитивен – дневен извештај за Ковид-19.. Комисијата за заразни болести со препорака за реорганиација на системот за примарна здравствена заштита. Во Скопје од идната недела се отвораат пет ковид амбуланти за дијагостика и третман...

Ударот врз примарното здравство од заразени со коронавирусот ќе се амортизира со отворање на пет ковид амбуланти во Поликлиниките – Идадија, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Ченто и Чаир.
Од Комисијата за заразни болести информираа дека амбулантите ќе профункционираат наредната недела, ќе работат во две смени и таму ќе се прават тестирања со брзи ПЦР тестови, односно дијагностика и третман на едно место. Дефинирани се простор, опрема и кадар кои ќе бидат вклучени во процесот на реорганизација.
Нема нови превентивни мерки. Состојбата е стабилна, иако од недела во недела има зголемување на бројот на новозаразени со вирусот. Земјава останува во зелената зона, констатирале членовите на комисијата за заразни болести.
16 пациенти се во Клиника за инфективни болести, девет се на кислородна поддршка.
Наташа Јанчиќ Менковски
