САД

Бајден позитивен на Ковид-19

21.07.2022 18:31

Како што соопшти Белата куќа, 79-годишниот Бајден има зголемен ризик од болеста поради неговата возраст, но тој е двојно вакциниран и дополнително има примено две бустер дози...

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид-19, потврди денеска Белата куќа.

Бајден ќе се изолира во Белата куќа и ќе продолжи да ги извршува своитe должности.

Како што соопшти Белата куќа, 79-годишниот Бајден има зголемен ризик од болеста поради неговата возраст, но тој е двојно вакциниран и дополнително има примено две бустер дози. Тој има благи симптоми и се лекува со антивирусниот лек „Паксловид“.