Македонија

Пожари беснеат во општините Берово и Делчево

21.07.2022 19:16

Во Делчево е зафатена дабова шума на потегот кај село Разловци. Во Берово, пак, огнената стихија е кај селата Митрашинци и Будинарци...

Гори шума во оклината на Берово и Делчево.

Во Делчево е зафатена дабова шума на потегот кај село Разловци. Во Берово, пак, огнената стихија е кај селата Митрашинци и Будинарци. Општината испрати апел за мобилизација на населението за да не се дозволи да се повтори ланската катастрофа.

Според првичните проценки на пожарникарите зафатени се околу 50 хектари мешана шума од даб и бука. На терен се околу 30 пожарникари, вработени во Македонски шуми, како и од доброволното противпожарно друштво.