Турција

Договор за извоз на украинското жито

22.07.2022 09:30

Украина, Русија, Турција и ООН во Истанбул се очекува да потпишат договор за обновување на извозот на жито од Црното море од Украина-соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Стејт департментот ја поздрави најавата на Турција...

Украина, Русија, Турција и ООН во Истанбул се очекува да потпишат договор за обновување на извозот на жито од Црното море од Украина-соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Стејт департментот ја поздрави најавата на Турција.

„Факт е дека Русија до денес не уценуваше со храната за време на овој конфликт. Спречија милиони тони украинско жито да стигнат до оние на кои им е потребно. Го поздравуваме објавувањето на овој договор, но сега ќе се фокусираме на тоа Русија одговорно да го спроведе овој договор“, изјави Нед Прајс.

Планот предвидува заедничка контрола на бродовите кога заминуваат и пристигнуваат во пристаништата на Црното море и механизам што ќе ја гарантира безбедноста на рутите.