Шри Ланка

По три месеци демонстрантите растерани

22.07.2022 09:30

По повеќе од три месеци, безбедносните сили на Шри Ланка уапсија неколку лица отстранувајќи ги шаторите пред претседателската палата кои демонстрантите ги поставија барајќи оставка од властите поради економски колапс...

По повеќе од три месеци, безбедносните сили на Шри Ланка уапсија неколку лица отстранувајќи ги шаторите пред претседателската палата кои демонстрантите ги поставија барајќи оставка од властите поради економски колапс.

Во нередите има повредени новинари и адвокати. Инцидентот се случи по вчерашната инаугурација на новиот претседател Ранил Викремесинге, кој беше избран за да го замени досегашниот кој избега од земјата откако демонстрантите упаднаа во неговата резиденција.

Економскиот хаос остави 22 милиони луѓе во недостиг на храна, лекови и гориво.