Бразил

Десетици загинати во полициска рација

22.07.2022 09:31

Најмалку 18 лица загинаа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација против организирани криминални групи...

Најмалку 18 лица загинаа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација против организирани криминални групи, осомничени за кражби и грабежи на банки, како и за планирање напади врз сиромашни квартови.

Меѓу загинатите се и полицаец и една жена која се нашла во близина на престрелка. Поради големиот број загинати, државниот правобранител поттикна истрага за можно кршење на човековите права.