Пожарот во Берово од утринава се гаси од воздух, Ангелов вели дека бргу ќе се локализира
Пожарот кој вчера избувна во близина на беровските села Митрашинци и Будинарци, од утринава се гаси и од земја и од воздух за да се спречи огнот да ја зафати боровата шума. Пожарникари од цела држава се вклучуваат во гаснењето за да се спречи минатогодишната катастрофа...

Од пет часот утринава започна гасењето на пожарот во беровско со хеликоптери. Целта првично е за се ограничи ширењето на огнот кон боровата шума.
Од вчера противпожарните екипи од регионот се на терен, направен е обрач со што е спречено ширење на огнот на поголема територија, но заради непристапноста на теренот најголем ефект се очекува да даде гаснењето од воздух.
За тоа како тече акцијата од утринава, информира директорот на Центарот за управување со кризи
Првите проценки се дека се опожарени 50 хектари дабова и букова шума и нискостеблести растенија. За справување со пожарот во Берово пристигнуваат екипи на противпожарните единици од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица и Тетово.
Славица Величковска
