„Фридрих Еберт“: Граѓаните на Албанија со најголема недоверба кон Грција

15.04.2014 10:31

Во анкетата спроведена минатиот месец од албанскиот Институт за меѓународни студии, финансирана од фондацијата, албанските граѓани искажуваат најголема недоверба кон Грција...

За албанските државјани, Грција е земја од која што доаѓа најголемата опасност за нив, покажува истражувањето на германската фондација „Фридрих Еберт“.

Во анкетата спроведена минатиот месец од албанскиот Институт за меѓународни студии, финансирана од фондацијата, албанските граѓани искажуваат најголема недоверба кон Грција.

18, 5 насто од  анкетираните позитивно се изјасниле против Грција, 17,2 насто сметаат дека од Србија доаѓа опасноста, додека Македонија е речиси на последното место за 1,9 насто од испитаниците.

Сепак, мнозинството анкетирани оценуваат дека ниту една држава не е опасност за Албанија.