Битола

16. издание на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“

22.07.2022 10:56

На платото од офицерскиот дом синоќа беше отворено 16-то издание на тридневниот фестивал „Локум – фест-музика и традиција“. На првата фестивалска вечер настапи нашата реномирана група „Монистра“ Фестивалот кој се труди да биде чувар на традицијата и културното наследство од неодамна е и членка на Европската фестивалска мрежа за Балканот „МОСТ“...

Културните настани на „Бит-Фест“ се движат како на филмска лента. Сè уште еден незатворен се отвора нов фестивал. Од синоќа вниманието е свртено кон тридневниот балкански етно – фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. Манифестација која во еден концепт ги спои музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство. Програмска шема која ги потсетува граѓаните на надалеку познатиот битолски староградски дух.

На отворањето нашата реномирана група „Монистра“ која годинава одбележува 20 години постоење.

Ако пред 15 години започна како пробна манифестација овој фестивал од неодамна е дел од семејството на Европската фестивалска мрежа за Балканот „МОСТ“.

Вечерва фестивалот продолжува со староградска музика преку промоција на албумот „Манастир“ а утревечер фестивалот се затвора во старата битолска чаршија.

Стевче Митревски