Македонија

Совет за македонски јазик: Македонскиот јазик еден од службените јазици на ЕУ

22.07.2022 12:30

Потврдуваат дека со приемот на земјава како полноправна членка на Европската унија, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на Унијата...

Советот за македонски јазик во Владата одржа вонредна седница. Потврдуваат дека со приемот на земјава како полноправна членка на Европската унија, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на Унијата.

Потсетуваат дека македонскиот јазик е словенски и спаѓа во јужнословенската група јазици, кој растел и се издигнал наддијалентен, национален и стандарден јазик. Кодифициран е во 1945 година како резултат на подолг процес на културна и писмена активност.

Во основата на современиот македонски стандарден јазик лежат централните говори на западното наречје, односно говорите на оската Битола, Прилеп, Велес, велат во соопштението од Советот за македонски јазик.