До крајот на денот пожарот во Беровско треба да биде ставен под контрола
Сè уште активен е пожарот кој вчера се прошири меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци. Од утринава во справување со огнот се еден полициски хеликоптер и Ер трактор на Дирекцијата за управување со кризи. Надлежните велат дека до крајот на денот пожарот целосно ќе биде ставен под контрола...

Полицискиот хеликоптер од утринава го гасне пожарот во беровско, а претпладнево вклучен е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување. Спречено е ширење на огнот кон боровата шума. Според надлежните, пожарот за сега е под делумна, а до крајот на денот ќе биде ставен под целосна контрола
Опожарени се околу 50 хектари дабова и букова шума, но среќа во несреќа е што огнот се шири ниско и високите стебла не се зафатени.
Надлежните ќе бидат на терен се до целосно гасење на пожарот, но и после тоа бидејќи има опасност за повторно разгорување на огнот. Што се однесува до пожарот во Делчевско во атарот на село Разловци, тој е целосно локализиран.
Славица Величковска
