Џафери: Ако има разлики во коалицијата да се решат надвор од Собрание
Спикер Џафери ја прекина работата на 79-та седница откако констатира дека нема услови за работа. Во салата беа присутни само 53 пратеници, од потпишаните 85-мина. Ги повика претседателите на партиите од парламентарното мнозинство на состанок во неговиот во кабинет. Џафери истакнал доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала...

Собранискиот спикер Талат Џафери лут на пратениците од мнозинството, но и на нивните партиски претседатели. Ја прекина 79. седница бидејќи од потпишани 85 во салата беа присутни недоволни за работа 53 народни избраници. Ќе свикам седница за распуштање на Парламентот се закани Џафери и ги свика на состанок лидерите на партиите од парламентарното мнозинство.
Сепак, Џафери на средба само со Али Ахмети и Мендух Тачи и првите луѓе на помалите партии кои партиципираат во власта спикерот истакнал-ако има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала. Дополнително, ги потсетил и дека согласно одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месецов, со цел непречено работење на Собранието.
Миле Ристески
