Се огласија од болницата „Жан Митрев“ за досегашните обвинувања
Во клиничката болница „Жан Митрев“ Скопје не се вршени клинички испитувања, а објавената публикација не е и не може да претставува клиничко испитување, соопштуваат од болницата по објавениот документарец на ИРЛ. Наведуваат дека станува збор за научен труд со сублимирани лабораториски резултати и искуства од употреба на оваа метода за лекување...

Во клиничката болница „Жан Митрев“ Скопје не се вршени клинички испитувања, а објавената публикација не е и не може да претставува клиничко испитување, соопштуваат од болницата по објавениот документарец на ИРЛ. Наведуваат дека станува збор за научен труд со сублимирани лабораториски резултати и искуства од употреба на оваа метода за лекување.
Велат дека клиничко испитување на медицинските средства претставува потврдување на безбедноста на медицинските средства, нивната корисност и усогласеност со општите и посебните услови во согласност со намената дефинирана од страна на производителот, а спонзорот на клиничкото испитување или неговиот овластен претставник е должен да го пријави клиничкото испитување во Малмед.
Наведуваат дека, клиничката болница „Жан Митрев“ ниту вршела проверка на безбедноста на медицинското средство за хемофилтрација, ниту пак е спонзор или овластен претставник за да може да пријавува, да бара или добива дозволи за вршење на клинички испитувања.
Употребата на медицинското средство за хемофилтрација е начин на лекување, а секоја употреба на медицинско средство не е и не може да претставува клиничко испитување, наведуваат во соопштението. Пред сè, ние лекувавме пациенти од последиците предизвикани од Ковид-19 вирусот со сите дозволени ресурси, меѓудругото и со помош на хемофилтрација – метода која е меѓународно сертифицирана, посочуваат од болницата „Жан Митрев“. Во однос на интрахоспиталните инфекции, појаснуваат дека ги исполнуваат сите пропишани обврски за заштита на населението од заразни болести.
