Портокалова фаза
Македонија во портокалова фаза, препораки за граѓаните на пеколните температури
23.07.2022 09:25
Викендов живата на термометарот во одредени места и над 40-тиот степен. Македонија во портокалова фаза до 27 месецов...

Топлотниот бран продолжува. Викендов живата на термометарот во одредени места и над 40-тиот степен. Македонија во портокалова фаза до 27 месецов.
Владата со препорака-бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа. Лекарите со апел-од 11 до 17 часот непотребно да не се излегува надвор и да се носи лесна и светла облека. Високите температури ќе се задржат до крајот на неделава.
30 обучени волонтери, од четвртокот со возила на Црвениот крст се на терен. Патролираат на најфреквентните локации во метрополата-автобуски постојки, амбуланти и пазари.
