Пјонгјанг
Северна Кореја се подготвува да тестира нуклеарно оружје
23.07.2022 09:59
Јужна Кореја смета дека Северна Кореја е подготвена да изврши тестирање на нуклеарно оружје во кој било момент...

Јужна Кореја смета дека Северна Кореја е подготвена да изврши тестирање на нуклеарно оружје во кој било момент. Оттаму соопштуваат дека Пјонгјанг ги завршил нуклеарните подготовки и се очекува да изврши нуклеарна проба во текот на месецот.
Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат од минатата година, кога и Сеул и Пјонгјанг го зголемија бројот на воени вежби и демонстрации на сила.
