Пожарот во беровско сè уште активен
Пожарот во Малешевијата сè уште активен, но под контрола. Теренот е непристапен...

Пожарот во Малешевијата сè уште активен, но под контрола. Теренот е непристапен. Меѓу селата Митрашинци и Будинарци, вчера интензивно се гаснеше од земја и од воздух. Активирани авион Ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и полициски хеликоптер.
Во гаснењето ангажирани се 110 луѓе и 17 возила. Надлежните се сомневаат дека пожарот е подметнат. Ветерот претставува проблем во справувањето со огнената стихија.
Од утрово контролата за справувањето со огнената стихија ја презел Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за кризи.
Според проценките на ТППЕ Берово, досега од пожарот е зафатена високостеблеста дабова и букова шума со површина од 50 хектари.
