Личен баланс против општествениот и здравствен притисок
Летото е жешко, ама е изгор за притисокот кој постои во сите сфери на живеењето со скапотија, политички тензии и пандемски предизвици. Граѓаните се категорични – мора да се носиме со проблемите и да ги решаваме, а психолозите со препорака - итно да се активира личниот баланс со приоритетите. Препорачаниот одмор сега е вистинско време максимално да се искористи...

Економски притисок и скапотија, политички тензии, короната повторно тропа на врата – го прават изгор ова жешко лето. Притисокот се одразува на психата. Повозрасните, кои виделе тешки времиња, велат мора да се бие битката со проблемите и системски да се решаваат.
Состојбите не создаваат само лични, туку и психосоцијални стресови, велат психолозите. Светската здравствена организација одамна најави дека биолошкиот часовник на луѓето ќе се разиде со социјалните превирања. Итно да се активира личниот баланс со приоритетите.
Летото е вистинското време за потрагата по личниот баланс.
Елизабета Митреска
