Викендов највисоки температури, надлежните со препораки
Викендов највисоки температури досега. Живата на термометарот во одредени места и над 40-тиот степен. Надлежните со препорака - од 11 до 17 часот непотребно да не се излегува надвор, а бремените жени и постарите од 60 години да бидат ослободени од работа. Македонија во портокалова фаза до 27-ми месецов...

Топлотниот бран од Европа се спушти и на територијата на цела Македонија. Високите температури може да доведат и до здравствени проблеми не само кај хронично болните туку и кај здравите и кај помладите лица. Најмногу страдаат оние кои не ги почитуваат препораките од Министерството за здравство и најчесто се јавуваат колапсни состојби и мозочни удари.
Скопјани, оние кои останаа во градот, најчесто разладување бараат на базените и во градскиот парк.
Вообичаено, екипите на Црвениот крст на терен. Мобилните екипи дневно дистрибуираат од 4.000 до 5.000 шишиња вода на минувачите, но се грижат и за бездомните лица.
Според најавите од УХМР топлото време ќе потрае до четврток за кога е најавено заладување. Дотогаш да се придржуваме до препораките и доколку немаме итна потреба, од 11 до 17 часот да седиме во затворени и разладени простории.
Тања Сарандеска
