300 килограми дрога заплени струшката полиција, приведени и двајца полицајци
15.04.2014 11:11
Акцијата е спроведена вчера попладне и приведени се повеќе лица...

Околу 300 килограми дрога заплени македонската полиција во Струга. Според информациите на „Прес 24“, дрогата е запленета во Охридското Езеро во близина на Радожда, Струга, при обид да биде прошверцувана со кајче од Албанија.
Акцијата е спроведена вчера попладне и приведени се повеќе лица, меѓу кои и двајца полицајци.
Од полицијата го потврдуваат случајот, но не откриваат повеќе детали. Нив ги најавуваат на денешната прес конференција.
