СЗО ги прогласи мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба
Епидемијата со мајмунските сипаници и натаму расте со 16 илјади заболени во 75 земји и територии, со петмина починати, информираат од Светската здравствена организација генералниот секретар, Гебрехесус, повторно го свика комитетот на СЗО за да ја разгледа најновата состојба...

Проценка на СЗО е дека ризикот на глобално ниво од мајмунските сипаници е умерен, освен во европскиот регион каде што ризикот е висок. Има опасност од натамошно ширење, иако ризикот поврзан со мешањето поради меѓународниот сообраќај е низок во моментов.
Накусо имаме епидемија којашто се шири брзо во светот, со нови начини на заразување, за што знаеме многу малку според здравствените критериуми. Поради глобалната епидемија со мајмунските сипаници решив да прогласам јавна здравствена тревога од меѓународен карактер.
Ова е епидемија која се појавува во групите каде што мажите имаат секс со други мажи, особено кај оние со повеќе партнери. Со правилна стратегија во овие групи може да се запре епидемијата. Сепак стигмата и дискриминацијата може да бидат поопасни од вирусите, изјави Гебрехесус.
