Македонија
Огнот во Малешевијата локализиран
24.07.2022 09:02
Пожарот што од пред два дена беснее на потегот во планските ридови помеѓу беровските селата Будинарци и Митрашинци е локализиран вчера попладне во 17 часот...

Пожарот што од пред два дена беснее на потегот во планските ридови помеѓу беровските селата Будинарци и Митрашинци е локализиран вчера попладне во 17 часот.
Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување, тимовите и сите други учесници во гаснењето на пожарот се вратени во базите, а на терен остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово.
Дел од изгорените дрва и натаму се ризик за повторно активирање на пожарот.
