Пекинг
Остри предупредувања за посетата на Пелоси на Тајван
24.07.2022 10:08
Кина упати серија остри предупредувања до администрацијата на Бајден поради можната посета на претседателката на претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван во август...

Кина упати серија остри предупредувања до администрацијата на Бајден поради можната посета на претседателката на претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван во август.
Кина го смета Тајван за своја територија. Според некои информации, можен е кинески воен одговор. Белата куќа, Националниот совет за безбедност и Стејт департментот одбија да го коментираат извештајот.
