Франција

Макрон: Можен договор за иранската нуклеарна програма

24.07.2022 10:10

Францускиот претседател Макрон смета дека „сè уште е можно“ рестартирање на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, под услов интервенцијата да се направи што е можно поскоро...

Францускиот претседател Макрон смета дека „сè уште е можно“ рестартирање на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, под услов интервенцијата да се направи што е можно поскоро, соопшти Елисејската палата по разговорот меѓу Макрон и неговиот ирански колега Раиси.

По неколкумесечниот прекин на разговорите во Виена за заживување на договорот, Макрон изрази разочарување од недостатокот на напредок и побара од Раиси Иран да се врати на спроведувањето на своите обврски од нуклеарниот договор.