Прилеп

Закочен процесот Марковите кули да влезат во УНЕСКО

24.07.2022 11:13

Комплексот Маркови кули на преку 4.000 хектари е природна и културна реткост и никако да се реноминира и да влезе во УНЕСКО. Иако ја имал целосната поддршка на Министерствата, сега целосно е замрена. Локалните власти се индиферентни, а македонското наследство трпи немерливи загуби...

Целосно е закочен процесот Марковите кули како природна и културна реткост да се реноминира и да стигне до заштитата на УНЕСКО. Прилепскиот Институт за старословенска култура кој во 2018 година го почна процесот за донесување план за управување и постапката за реноминација, остро реагира – се уништува и се девалвира она што природата со милениуми го создавала, а човекот со векови го градел. Замрела поддршката на Министерствата, а локалните власти остануваат индиферентни.

Комплексот Маркови кули е со 9 споменици на културата и 15 години споменик на природата. Со односот – загубата е немерлива.

Кога целосно ќе се заштитат и вреднуваат прилепските Маркови кули?

Елизабета Митреска