Охрид

Безбедноста во Охрид на повисоко ниво од лани

24.07.2022 11:22

Од почетокот на летото во Охрид е зголемена безбедноста. Полициските службеници се целосно посветени на својата работа што дава резултати, а тоа го потврдуваат и статистичките податоци. Нарушувањата на јавниот ред и мир во споредба со истиот период лани се намалени за скоро четири пати, а слична е состојбата и во патниот сообраќај каде што постојаните контроли придонесуваат за поголема дисциплина кај возачите...

За да се биде привлечна дестинација за странските туристи не се доволни само ниските цени, природните и културните богатства или добрата услуга. Се поважен фактор станува безбедноста на земјата или туристичкиот центар каде што сè поминува годишниот одмор. Тоа е причина повеќе полициските службеници на СВР Охрид во овој период од годината да се фокусираат на елиминирање на сите можности за нарушување на јавниот ред и мир. Статистиката вели дека ефикасноста во споредба со лани е зголемена.

Превентивните мерки придонесоа безбедносната состојба значително да се подобри, а слични резултати даваат и активностите во делот на патниот сообраќај.

Од СВР Охрид велат дека за возачите коишто драстично ги прекршуваат одредбите за безбедност во патниот сообраќај, односно оние коишто ја надминуваат дозволената брзина или управуваат под дејство на алкохол ќе има нулта толеранција.

Сашо Нелоски