Вевчани

„Вевчанско лето“ по двегодишна пауза со богата програма

24.07.2022 11:48

По двегодишна пауза возобновен фестивалот „Вевчанско лето“. Голем број настани, претстави, концерти, изложби, промоции на книги, трибини, ќе го одбележат ова издание. Целта е културна промоција на Вевчани и привлекување што поголем број посетители...

Богата програма на годинешното издание на фестивалот „Вевчанско лето“. По двегодишна пауза, културната манифестација годинава повторно со настани на сцените во Вевчани. Претстави, концерти, изложби, промоции на книги, трибини, ќе го одбележат ова издание.

Целта е културна промоција на Вевчани и привлекување што поголем број посетители.

„Поради короната „Вевчанското лето“ беше во застој, годинава решивме да го отвориме покрај природните убавини да им понудиме на туристите и на вевчанци култура. Ќе имаме повеќе активности, културно збиднувања“, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Во рамките на „Вевчанското лето“ ќе се одбележи Денот на Непокорот, ќе се одржи и Фестивалот на народна култура „Пображење“.

„Настаните ќе се одржуваат на различни локации. Во мултикултурниот центар ќе се изложбите, ќе има настани на Вевчанските извори. На 7-ми и 8-ми ќе го прославиме вевчанскиот непокор, поврзан со случајот со водата од 87-ма година. Така да ќе има трибини, културни збиднувања кои ќе ја збогатат и културната и туристичката понуда во Вевчани“, додава Кочоски.

Манифестацијата, која започна на 16-ти јули ќе трае до 27-ми август е под покровителство на општина Вевчани. Фестивалот останува верен чувар на богатата автентична култура на вевчанскиот крај.

Соња Рилковска