Почна летната школа за прва помош во Струмица
Струмичани кои сакаат да се стекнат со вештини и основни познавања на прва помош ќе можат во наредните 2 месеци истото да го сторат со помош на Црвениот крст со цел витална иницијална интервенција...

Во струмичкиот Црвен крст започнаа да се одржуваат обуки за прва помош, истите се предвидени да се реализираат секој четврток во наредните 2 месеци. Млади и стари и сите кои сакаат да ги освежат знаењата ќе имаат можност со помош на организацијата. Нужноста за прва помош е секогаш добредојдена секому и секаде, децидни од Црвен крст.
Целта на обуките е потенцирање на значењето на првата помош како витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и зголемување на шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединецот или група на луѓе е во опасност.
Секој четврток од 20 до 21 часот ќе биде резервиран за сите кои сакаат да научат или да го освежат своето знаење по прва помош. Пријавувањето може да се врши секој работен ден од 8 до 16 часот. Интерес за обуките веќе има, а од Црвениот крст очекуваат пријавување не само од младата, туку и од повозрасната популација.
Стојне Митева
