Македонија

Амбасадорот Дабиќ со отворено писмо до јавноста

24.07.2022 13:30

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување, амбасадорот Зоран Дабиќ со отворено писмо до јавноста...

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување, амбасадорот Зоран Дабиќ со отворено писмо до јавноста.

Тврди дека насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон него и членовите на Синдикатот, но вели, залудно. Цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи.

Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца, наведува во отвореното писмо на амбасадорот Дабиќ.