Опожарена депонија кај Делчево, постои опасност за боровата шума
Пожарот на депонијата за градежен шут кај Делчево е локализиран, но не е целосно изгаснат. Се делува постојано за огнот да не се прошири кон блиската борова шума. Пожарот на градската депонија во Штип е под контрола и нема опасност од интензивирање...

Трет ден како гори депонијата за градежен шут „Ралова Чука“ во делчевското село Очипала. Гори на повеќе места и во внатрешноста на депонијата, затоа гасењето оди тешко. На терен се делчевските пожарникари кои со појас го контролираат огнот за да не се прошири кон блиската борова шума.
Заради високите температури вчера попладне се самозапали и депонијата „Трештена Скала“ во Штип, која се гасеше со вода и со насипи на земја. Често доаѓа до палење и на депонијата кај Виница, каде во гаснењето се интервенира со специјални алги. Сличен проблем има и во Кочани, таму најпогодени се жителите на село Бели. Локалната власт најави постојана чуварска служба за да спречи палење огнови на депонијата од страна на оние кои топат кабли и метални предмети.
Славица Величковска
