Партии

Дијаметрално спротивставени ставови

24.07.2022 15:41

Противници на референдумот се власта и инсталациите на власта од опозицијата. Чудна ситуација, иако мнозинството граѓани се за ова изјаснување, оценка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Возврати СДСМ. Мицкоски признава дека со Aпасиев се сами и изолирани против Eвропската унија...

Сè уште разговараме со експерти за одржување на референдумот по францускиот предлог во каков формат треба да биде, задолжителен или консултативен. Кога би се одржал, дали ќе се однесува на преговарачката рамка или на делот од преговарачката рамка што се повикува на билатералниот договор со Бугарија и на изворот на проблемите. Тоа е протоколот – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него ако смета СДСМ дека е со нив народот не треба да се плашат да излезат на референдум и само на тој начин ќе се знае дали тие се во право или ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вели дека поддршката која ја ужива СДСМ во однос на преговарачката рамка не е поголема од 10 насто меѓу граѓаните.

Барањето на Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, не е ништо друго освен негова фарса-коментираат социјалдемократите. Исклучиво за негови внатрепартиски потреби.

Христијан Мицкоски денеска призна дека тој и Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ. Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка ниту од другите опозициски партии. Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си. Се вели во соопштението на социјалдемократите.

Впрочем исто така беше и за лагите дека со Договорот од Преспа ќе се избрише АСНОМ, за кантонизација и федерализација, за законот за употреба на јазиците, дополнуваат во СДСМ.

Миле Ристески