Европа

Речиси 2.000 лица починаа од топлотниот бран што ја зафати Европа

24.07.2022 16:21

Речиси две илјади лица во Европа починаа поради екстремната температура, само во Португалија и Шпанија околу 1.700. Високата температура не ја одмина ниту Скандинавија. Во Северна Америка прогласена вонредна состојба во Калифорнија, гори националното обележје, паркот Јосемити...

Топлотниот бран во Европа однесе речиси 2.000 животи. Според податоците над 1.700 луѓе починале во Португалија и Шпанија. Граѓаните вознемирени, горештината никако да попушти.

Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге изјави дека климатските промени претставуваат „сеопфатна криза“ што се заканува на здравјето на поединецот и на цело човештво“.

Топлотниот бран на стариот континент е втор во месецов. И овојпат урива рекорди. Во некои земји беше вклучена црвената тревога. Во Западна Романија над 40 степени се во сенка. Во Обединетото Кралство, на североистокот на Англија живата достигна невидено ниво од 40 целзиуси, а во Шкотска речиси 35 степени. Во Франција живата во термометрите на највисоко ниво, како и во Данска температура, додека топлотниот бран не ја одмина ниту Скандинавија.

Горештината и пожарите одат заедно. Прогласена е вонредна состојба во Калифорнија, илјадници луѓе ги напуштаат домовите. Шумскиот пожар во близина на националниот парк Јосемити, е најголем во државата годинава, предизвика евакуации на илјадници лица и исклучување на струјата на повеќе од 2 илјади домови и деловни објекти. Патиштата се затворени, вклучувајќи ја и магистралата што води до националниот парк. Огнот се движел брзо, фрлајќи жар и до три километри пред него.

Тие дојдоа пред околу 15-20 минути и ни рекоа дека сите треба да одат, околу 4 часот снема струја и огнот, се побрзо и побрзо доаѓаше кон нас.

Ако имате време, добро е да спакувате некои основни лични работи. Но како и да е ние, ќе се погрижиме да имате се што ви треба овде.

И во Словенија во близина на границата со Италија, беа ангажирани неколку стотици пожарникари за гаснење на пожар со евакуирање на неколку села. Нови пожари вчеравечер избувнаа и во југозападниот дел на земјата, како јужно од Љубљана. Пожарникарите во Грција се борат со четири шумски пожари.

Наташа Јанчиќ Менковски