Јапонија

Еруптираше вулканот Сакураџима во Јапонија

24.07.2022 19:17

Вулканот Сакураџима на големиот западно јапонски остров Кјушу еруптираше во неделата вечерта по локално време, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), а медиумите јавуваат дека засега нема извештаи за штети...

Вулканот Сакураџима на големиот западно јапонски остров Кјушу еруптираше во неделата вечерта по локално време, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), а медиумите јавуваат дека засега нема извештаи за штети.

Извештаите велат дека камења се тркалале по падините на вулканот во должина од 2,5 километри, објави јавниот радиодифузен сервис NHK.

Беше издадено ниво на предупредување за ерупција од 5, највисоко, а жителите на некои области беа препорачани да се евакуираат.