Македонија

Пожар во местото Погана помеѓу Гевгелија и Богданци

24.07.2022 21:17

Според информациите на Центарот за управување со кризи силниот ветер се заканувал да се прошири кон куќите во селото Ѓавато, но ветерот сега е смирен и опасноста била отстранета...

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска во 13:30 часот започнал пожар во поле, којшто подоцна се проширил во шума на место наречено Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, каде е зафатен прнар и нискостеблеста шума.

Според информациите на Центарот за управување со кризи силниот ветер се заканувал да се прошири кон куќите во селото Ѓавато, но ветерот сега е смирен и опасноста била отстранета.

Во гасењето на пожарот според ЦУК интервенираат девет пожарникари со четири противпожарни возила а на помош се испратени и три пожарникари од противпожарната единица од Гевгелија.