Украина

Се подготвува транспортот на жито

25.07.2022 09:42

Почнуваат подготовките за транспортот на украинското жито од пристаништата. Рускиот министер за надворешни работи Лавров во Египет вети сигурно доаѓање на ветеното жито...

Украинските пристаништа почнаа подготовки за договорениот извоз на жито. Рускиот министер за надворешни работи лавров во Египет вети сигурно доаѓање на ветеното жито. Русија се обврза дека нема да ги напаѓа ниту бродовите, ни пак пристаништата. Меѓутоа, во Украина, но и во странство, владее скепса во поглед на почитувањето на договорот.

Во меѓувреме, запорожје е потпишан указот за формирање на изборна комисија за спроведување на референдумот за приклучување кон Русија, соопшти шефот на воено-цивилната администрација на регионот.

Заменик-шефот на регионот Керсон изјави дека Украина како земја навистина веќе не постои, бидејќи таму се ограбуваат парите од западот.